Дебатата дали е потребна видео технологија на гол линија или пак петиот судија е доволен се чини дека заврши. Победи потребата од технологијата која ќе ги елиминира човечките грешки каква што го видовме на вчерашниот натпревар меѓу Англија и Украина, ко-домаќинот на Европското првентсво, на кој судијата од 2 метри не виде дека топката во целост ја помина линијата и не досуди гол за украинците.
Грешката на судиите која се повторува веќе на неколку големи натпреварувања ги убеди сите дека е потребно да се смени нешто во играта, вклучувајќи го и претседателот на FIFA, Сеп Блатер кој преку својот Twitter профил напиша дека „видео технологијата на гол линија сега е повеќе од потреба отколку алтернатива.“
After last night’s match #GLT is no longer an alternative but a necessity.
— Joseph S Blatter (@SeppBlatter) June 20, 2012
Останува да видиме кое технолошко решение ќе биде одберено. Моментално се тестираат неколку како Hawk-Eye, Goalminder и Cairos GLT system.